Најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани стигна во Белград. Таа планира да остане во српската престолнина 11 дена, а ако и се бендиса својот престој и ќе го продолжи.
Како што пренесуваат српските медиуми, таа убаво се забавува со своето момче. На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како во култната кафеана “Скадарлија“, на Тифани армоникаш и свири на увце, а таа не ја симнува насмевката. Ќерка му на Трамп по белградските кафеани се проведува во друштво на Мајкл Булос, кој се школуваше во Нигерија, а живее во Велика Британија.
Инаку, Тифани Трамп има 25 години и студира право.