Откако почнаа шпекулациите дека Винсент Касел и Тина Кунаки се разведуваат, од сите страни пристигнуваат приказни за можната причина за распадот на бракот.
Кога Винсент Касел ги избриша сите фотографии од својот Инстаграм со сопругата Тина Кунаки, многумина тоа го протолкуваа како сигнал за развод. Со оглед на тоа што двојката не беше видена заедно од почетокот на годината, не беше тешко да се спојат 2 и 2.
Пред оваа драма, парот никогаш не се разделил. Сепак, се шпекулира дека на Касел сè помалку му се допаѓало слободоумното однесување на Тина.
Таа редовно ги бакнувала и гушкала другарките, излегувала и се однесувала во основа како и секоја друга девојка на нејзина возраст, додека актерот наводно бил тој што ја чувал нивната ќерка, што не му се допаѓало.
Се трудел на секој начин да ја „смири“, да ја прилагоди на себе и на своите години.
Сепак, досега тоа беа само шпекулации во јавноста. Додуша, не е чудно што кружеа вакви приказни ако се погледнат некои нивни стари фотографии кои сега повторно се појавија на мрежите и не одат во полза на младата Кунаки.
Имено, познато е дека манекенката имала едвај 19 години кога го запознала Винсент на Ибица. Поради неа актерот засекогаш ставил крај на секое помирување со Моника Белучи.
Винсент бил целосно обземан со тинејџерката и набрзо стапил во врска со неа, а подоцна и брак. Поради Кунаки правел се што таа побаралс, се фотографирал, и ги исполнувал хировите, а многумина коментирале дека се понижува.
На папарацо фотографиите се чинело како Тина насилно да го бакнува, повеќе уживајќи во „придобивките“ од врската со познатиот актер.