Виолинистката Бјанка Јулија Jозефин Коломпар (45) ја загреа студената загрепска вечер изведувајќи ја песната „Бог ја чува Хрватска“. Атрактивната музичарка со бујни гради го привлече вниманието на минувачите на плоштадот Бан Јелачиќ. Со неа бил и нејзиниот сопруг Роман Брнада (36).
„Свирев за да Бог не заштити од короната“, рече Бјанка.
Родена во Темишвар, Романија, живее во Загреб од 1994 година, каде дипломира виолина. Своето образование го продолжила во Салцбург, каде магистрирала, а потоа и докторирала на виолина во Виена.
Иако е класичарка, нејзиниот фокус сега е насочен кон духовната музика и се запиша на втор докторат за грегоријанска музика во Рим, која е во пауза до ново известување заради ситуацијата со вирусот корона. Нејзината љубов кон Бога ја спои пред 12 години со нејзиниот сопруг Роман. Од бракот тие го добија и синот Емануел (6,5) кој служи во црквата од својата петта година и е еден од најмладите послужители во црквата. Бидејќи таа денес се занимава со духовна музика и е голем верник, многумина ја осудуваат за силиконите и огромните гради.
– Многу луѓе ме осудуваат затоа што одбрав да имам огромни гради и ме сметаат за провокативна, особено затоа што сум верник. Но, ова е модерен свет и секој има право да биде што сака. Нечија вредност не е во неговиот изглед, туку во тоа каков е човекот, дали ќе му помогне на својот сосед кога ќе му треба помош, а не како се однесува или како изгледа. Жал ми е што општеството прво гледа како изгледаш, а потоа сè друго – вели таа.
UŽIVO Atraktivna Bianca zagrijala je hladnu zagrebačku noć izvedbom pjesme 'Bože čuvaj čuvaj Hrvatsku'Više na https://bit.ly/2T7t6j8
Posted by 24sata on Sunday, October 18, 2020
Фото и видео: 24 часа.хр