Неколку луѓе биле повредени во нападот денеска во Осло. Како што јавуваат странските медиуми, маж со нож избодел неколку луѓе на улиците на норвешкиот главен град. Полицијата го застрелала и убила.
Според снимките кои ги објавуваат норвешките медиуми, напаѓачот бил полугол. Полицијата порачала дека има “повеќе од една” жртва, но не сакале да даваат повеќе информации.
Портпаролот на полицијата, Торгеир Брендер рекол дека напаѓачот ги нападнал и полицајците. Испукани биле неколку куршуми. Напаѓачот бил одведен во болница, но им подлегнал на повредите.
Според снимките кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како полициски автомобил удира во него за да му го пресече патот. Тој потоа тргнал кон возилото и го нападнал полицаецот кој седел внатре.
Потсетуваме, ова е втор поголем напад во Норвешка во неколку недели.
Неодамна маж вооружен со лак и стрела убил пет лица.
https://twitter.com/i/status/1458024197817610248