Денеска околу 15:57 часот А.М., сопственик на угостителски објект пријави дека утрово околу 11:00 часот при проверка на безбедносните камери на угостителскиот објект, забележал како НН женско лице во игротеката физички малтретира дете.
Известен е Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По пријавата полицијата утврди дека станува збор за негователка која била ангажирана да го чува детето.
Лицето е приведено и известен е јавен обвинител за натамошна постапка.
Инаку, претходно од игротеката Дежа ву во трговскиот центар Капитол, споделија видео од надзорните камери од овој простор на кое се гледа како три деца играат, а жена зема едно нив и го тресе и шамари.