Синоќа околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во селото Арачиново, објави Канал5.
Телевизијата Канал 5 информира дека во објектот затекнати се околу 200 лица, а полицијата се уште се наоѓа во објектот.
Од МВР за Centar.mk ја потврдуваат информацијата.
Повеќе детали се најавени за денес.
Инаку, ова не е прва свадба која ја прекина полицијата. Неодамна имаше заедничка акција на пазарниот инсепкторат и полицијата на свадба во Глумово каде што имало над 300 гости. Газдите на ресторанот заработија пријави, а гостите ќе платат и казни.