Роднините на малиот Никола Марковиќ никако не можат да сфатат зошто поради една слаба оценка во училиште, тој се одлучил да си го одземе животот.
Тој се самоуби во понеделникот со пиштолот на својот татко, затоа што имал заклучена една единица на полугодието.
Синиша, таткото на Никола истакна дека неговиот син учел да ја поправи таа оценка, и ништо не укажувало дека ќе се случи таква трагедија.