Полицијата го истражува ужасниот чин на поединец кој ја објавил фотографијата од мртвото тело на загинатиот фудбалер Емилијано Сала фотографирано во мртовечница.
“ Свесни сме дека некој ги подели фотографиите на Сала на социјалните мрежи. Неговот семејство мине низ тежок периот и не би требало да трпи додатна болка со овој срамен чин. Истражуваме кој е одговорен за фотографијата и неговата дистрибуција на социјалните мрежи,“ порачале од полицијата.
Инаку, авионот на Сала падна на пат за Кардиф од Нант на 21 јануари, откако Аргентинецот беше на пат за Велс за да се приклучи на новиот клуб Кардиф сити каде што дојде за 15 милиони фунти од францускиот клуб Нант. Телото на Сала беше извлечено од Ла Манш на 8 февруари по приватно организирано барање.
Пред два дена Орасио Сала, таткото на Емилијано Сала, почина од срцев напад.