Поради зголемениот број нови случаи на Ковид-19 и по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, пренесува „Њу Мани.гр“.
Мерките ќе бидат во сила една недела, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден.
Се предвидуваат казни од 50.000 до 200.000 евра доколку се организираат секаков вид собири со на над 20 лица во приватни простори.