Камерите во Белград во мноштвото инциденти го забележаа бруталниот напад на полицијата врз неколку демонстранти кои мирно седат на една од клупите во блискиот парк пред републичкото Собрание. На снимката се гледа како полицајците се приближуваат до момчињата кои креваат раце, а полицијата почнува да ги тепа.
Инаку, протестите во Србија почнаа откако претседателот Александар Вучиќ објави дека ќе воведе полициски час од петок до понеделник, поради влошување на ситуацијата со корона вирусот.Уапсени се 23 граѓани, а повредени се 43 полицајци и 17 демонстранти.
na šta bre ovo liči?????
momci su sedeli na klupi i podigli su ruke kada im je policija prišla, a onda su pretučeni iako nisu pružali nikakav otpor pic.twitter.com/TzzK0Pr5Hh— иван__дамн (@ivan__damn) July 7, 2020