Снимка на која се гледа како неколкумина полицајци со крајни напори спасуваат девојка која сакала да скокне од покрив на зграда во Куманово, е објавена на социјалните мрежи.
На видеото снимено од минувач, се гледа како девојката се држи за работ од покривот на зградата, која е дел од затворената фабрика „Житомел“ во градот. За среќа, веднаш пристапил еден од полицајците, кој успеа да ја задржи, а потоа му помогна и неговиот колега.
-Пред два дена по добиена пријава во 11.40 часот дека едно лице се обидува да скокне, полициски службеници излегле на местото и го спречиле лицето во намерата, по што било предадено на Итна медицинска помош, информираат од СВР Куманово.