Научник од „Оксфорд“ даде шокантни тврдења, за угледот на вакцината на компанијата „Астразенека“ кои ги нанеле политичари и научници.
Сер Џон Бел, научник кој работел на развојот на вакцината, вели дека научниците и политичарите веројатно убиле стотици илјади луѓе, бидејќи нивните изјави го нарушиле угледот на таа вакцина, пишува „Индепендент“.
„ Тие го нарушија угледот на вакцината на начин што одекна кај остатокот од светот. Мислам дека лошото однесување на научниците и политичарите веројатно уби стотици илјади луѓе, што е нешто на што не можам да се гордеам“, додаде тој.
За време на давањето на вакцината на Оксфорд/Астразенека во Обединетото Кралство, владините советници препорачаа да им се понуди алтернатива на лица помлади од 40 години, поради поврзаноста помеѓу вакцината и многу ретки случаи на згрутчување на крвта.
Поврзани стравови, исто така, доведоа до тоа многу земји како Германија, Франција, Шпанија, Италија, Холандија, Ирска, Данска, Норвешка, Бугарија, Исланд и Тајланд да ја прекинат употребата на вакцината на одредено време.
Вакцината, исто така, не одигра значајна улога во кампањата за бустер доза.
Коментарите на сер Џон Бел доаѓаат во време кога три од 10-те локални области во Обединетото Кралство бележат зголемување на бројот на случаи од недела во недела.