Познатиот српски рапер Иван Ивановиќ – Џус ја претепал својата братучетка С. В (39) во едно кафуле во Нов Белград.
Како што објави, Телеграф. рс, Џус прво ја удрул братучетка му со бокс во лице, а потоа ја шутирал.
Наводно, инцидентот продолжил и надвор од кафулето, а С. В. го пријавила Џус во полициска станица.
Инаку, Џус последниве години повеќе се занимава со учество во реалните шоуа отколку со музика. Тој призна дека има проблеми со алкохолот и неколку пати бил приведен и од полицијата.