Српскиот актер Душан Каличанин беше гостин во емисијата „Пусти бригу“ заедно со неговите колеги Наташа Аксентијевиќ и Предраг Пеѓа Дамјановиќ. Како што пренесува српски „Курир“, за време на интервјуто тие раскажуваа интересни приказни од нивниот живот.
Додека објаснуваше за својата кариера и искуството со познати странски ѕвезди, Душан откри дека има посебен однос со холивудската актерка Никол Кидман.
„Јас и Никол имаме посебен однос. Доаѓа на мојата слава, и секогаш е тука за време на Митровден. Би сакал да ја прашам што ја привлекува толку многу на овие настани“, изјави Душан.
Никол Кидман, како една од најголемите холивудски ѕвезди, често е мета на медиумското внимание. Но, актерот откри дека и покрај успехот и славата, таа е исклучително скромна и отворена личност.
„Сакаме да го поминуваме времето заедно во тие посебни моменти. Тоа се моменти кога забораваме на сите наши обврски и се релаксираме“, додаде тој.