Три мртви и 32 повредени, од кои четири се борат за живот, е црниот биланс од сообраќaјната несреќа кога излета од патот и се преврте струшки автобус на компанијата “Еуробус“. Настанот се случил рано утрото на автопатот Лесковац- Ниш.
Како што пишуваат српските медиуми, неприлагодливата брзина е причина за несреќата. Автобусот се движел со брзина од 98 км/час, по завеан пат со снег. Извршена е истрага, а на возачот кој е тешко повреден му е одредено задржување.
Според изјавата што ја дал пак сопственикот на “Еуробус“ Џитан Истрефи, шоферот дал друга верзија за причината на несреќата. Наводно, на лизгавиот коловоз, тој се обидел да избегне едно возило, изгубил контрола и автобусот излетал од патот и се превртел.