Бесим Камбери, 19-годишниот Онур Садику – студент на Медицинскиот факултет, 25-годишниот Јовица Трпевски – син на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпевски од Гостивар, 38 – годишниот Зоран Давидовски – раководител во Град Скопје, студентот Бобан Аврамоски, Ајден Исмаили, Раметула Абдурахими, Есад Емрули се осуммина од загинатите 14 лица во страотната сообраќајна несреќа на патот Скопје -Тетово.
Обдукцијата за седум лица е завршена, а за останатите се уште трае.
Од Министерството за здравство ги повикаа роднините на сите повредени од тешката сообраќајна несреќа доколку немаат сместување во Скопје да се пријават за сместување во родителската куќа која се наоѓа во близина на Министерството за здравство.