МАСАКАР ВО НОЌЕН КЛУБ: Ги убиле, па ги ограбиле загинатите

by Тони Зографски

Пет лица се убиени, а четири се тешко повредени во престрелката во еден ноќен клуб на југот на Бразил, јавија локалните медиуми.

До престрелката дошло кога група наоружани напаѓачи упаднале во клубот во градот Мостардес и почнале да пукаат на гостите и вработените. Напаѓаачите носеле фантомки, а пред да побегнат им ги собралее паричниците и мобилните телефони на жртвите.

Полицијата соопшти дека никој од загинатите немал полициско досие.

Инаку, во мај во слична пукотница, во градот Белем беа убиени 11 лица.

 

 

останати вести