Актерката Јана Стојановска, моделот Катарина Ивановска, харфистката Мерсиха Шукри и сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ ќе се појават во евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната “Проуд“, кој ќе се промовира вечерва во 19.30 на МТВ. Нашата преставничка симболично го избра Осми март за промоција на спотот.
Инаку, Тамара во Тел Авив ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале. Автори на песната се Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Роберт Билбилов и Коста Петров со неговата сопруга Сања Поповска.