Џастин Бибер стана голема светска ѕвезда кога имаше само 15 години, а денес со сввоето однесување и изглед во главно предизвикува загриженост кај неговите фанови ширум светот.
Така било и во текот на неговото последно појавување во јавноста кога бил фотографиран во Лос Анџелес во непрепознатливо издание.
Со порасната брада и шешир на главата, Бибер на присутните им ги покажал и боксерките поради панталоните кои биле спуштени речиси до колена.
Џастин веќе со месеци го прозиваат поради неговата облека, која е целосно неусогласена со неговата сопруга Хејли, која секогаш внимава на секој детаљ од нејзината облека.
Пејачот најчесто носи широки тренерки, папучи, сандали и качкети на главата.
Во луксузниот хотел во кој моментално престојува, не му се придружила неговата бремена сопруга Хејли која наскоро треба да го роди нивното прво дете.
Бибер претходно покажа колку го трогна тоа што ќе стане татко, кога ги објави своите расплакани фотографии, а уште тогаш фановите се прашуваа дали можеби му треба стручна помош.
Хејли и Џастин се во брак од 2018 година.