Милијардерот Ричард Бренсон кој е сопственик на две приватн острова, ја изнајмува јахтата “Бела Вита“. Јахтата која е една од ретките со едра, долга е 32 метри, е направена е од ултра лесни влакна за да може да постигне брзина од импресивни 14 јазли, а со едра и преку 20. Јахтата е направена во 2003 година, а Бренсон ја купи шест години подоцна. Таа може да прими 10 гости во четири кабини, заедно со шест члена на екипажот. Секоја кабина има свое купатило со туш. ЛЦД телевизор, интернет.
Надвор од кабините, гостите можат да уживаат во салонот, кој е опремен со намештај од јавор и бамбус. Бренсон еднаш изјави дека обожува со пријателите да истражува нови острови.
– Ја сакам палубата на јахтата, многу е постабилна и просторна. Особено тоа е добро за гостите што имаат мака од морска болест, -изјави Бренсон.
Инаку, неделно изнајмување на јахтата изнесува 70.000 долари.