Пејачката Дафи откри дека била дрогирана и силувана, откако била киднапирана и држена некое време во заложништво. 35-годишната велшка ѕвезда која е наградувана со „Греми“ објави на својот официјален профил на Инстаграм дека за „закрепнување ќе и треба некое време“.
Изведувачката, кој имаше сингл број еден во Велика Британија ,,Мерсис’ во 2008 година, на своите 33.000 следбеници им напиша:
„Вистината е, и ве молам верувајте ми, сега сум добро и безбедна“.
„Бев силувана и дрогирана и држена како заробеник во текот на неколку дена“, напиша таа.
Дафи, чиј деби-албум Рокфери стана седум пати платинест, а се искачи прво место во шест држави, освои три награди Греми.
„Може да си замислите само колку пати размислував да го напишам ова“, напиша таа на Инстаграм.„Не можам да објаснам. Многумина од вас се прашуваат што се случи со мене, каде исчезнав и зошто. Новинар ме контактираше, тој најде начин да стигне до мене и му кажав за сето ова минатото лето. Вистината е, и ве молам верувајте ми дека сега сум во ред и безбедна. Бев силувана и дрогирана и држена како заробеник во текот на неколку дена. Секако дека преживеав. Закрепнувањето траеше некое време. Нема лесен начин да го кажам тоа.Се прашувате зошто не избрав да го искористам мојот глас за да ја изразам болката? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во очите. Се запрашав себеси, како можам да пеам од срце ако е скршено?Следните недели ќе објавам интервју. Ако имате какви било прашања, би сакала да одговорам на нив, во интервју, ако можам. Имам света љубов и искрена благодарност за вашата љубезност низ годините.Сакам да ви се заблагодарам за тоа.” напиша Дафи и ги замоли своите следбеници да го почитуваат нејзното семејство и да не бараат одговори од нив за она што и се случило.