“Музиката е звукот на нашите чувства”, порачува групата „Нокаут“ . На 26 декември, во Скопје Мериот Хотел, со почеток 21:00 часот тие ќе снимаат албум во акустична верзија. Групата ги покани своите обожаватели да бидат дел од овој настан . Гостин ќе биде Игор Џамбазов кој заедно со „Нокаут“ ќе испее дел од најголемите нивни хитови.
„ За магијата да биде уште поголема, овој ексклузивен концерт ќе биде снимен во живо и овековечен во специјален албум“, велат од бендот.
Уште еден специјален гостин е музичарот Игор Атанасовски, познат како Гуру Харе.