Познатата српска манекенка Симона Андрејиќ, која завчера наполни 28 години, пред три години беше тешко повредена откако падна од „зиплајн“ на имотот на милијардерот Чин Чу.
Чу на 17 јули поканил група модели и пријатели да го посетат неговиот дом во Вестчестер, во американската држава Њујорк.
Убавицата по падот заврши во инвалидска количка, а утврдено е дека ја скршила карлицата на неколку места, а против богаташот поднела и повеќемилионска тужба. Манекенката помина неколку недели во инвалидска количка, а потоа закрепна и ѝ се врати на модата.
Оваа заносна русокоса извесно време помина во Америка, каде соработуваше со познати модни брендови, а во 2009 година победи на српскиот натпревар „Elite Model Look International“ и оттогаш нејзината кариера зема вртоглаво искачување.
Како модел правела ревии за најпознатите светски модни брендови како „Калвин Клајн“, „Диор“, „Џанфранко Фере“, „Долче Габана“, „Кристијан Диор“, „Ланвин“ и други. Пишувала и едиторијали за бројни светски списанија, како Vogue, Elle, Cosmopolitan…
– Модел е многу напорна работа. Ако сакате врвен резултат, мора максимално да му се посветите. Секој слободен момент го користам за да работам на подобрување на моите способности на сите полиња како учење, тренинзи, а речиси почнав со часови по јога, кои многу ми се допаѓаат. Јас сум голем љубител на запознавање нови култури и учење нови јазици. Покрај сите мои обврски, се трудам да вложувам во себе и на тоа поле. Зборувам англиски, руски и си го усовршувам шпанскиот – изјави еднаш Симона во интервју за магазинот „Wannabe“ и додаде:
– Оваа професија ми овозможува многу да патувам. Понекогаш ми се случува за една недела или ден да бидам во неколку различни градови и земји. Поголемиот дел од времето го поминувам во Њујорк, кој дефинитивно е еден од моите омилени градови.