Познатата холивудска глумица Ен Хатевеј во емисијата “Елен“, рече дека нема да пие алкохол со додека нејзиниот син Џонатан кој има три години не стане полнолетен.
– Не сакам да се откажувам од одредени работи поради тоа што сум мајка. Тоа го правам само кога има причина. Не престанав да пијам заради тоа што алкохолот ми е проблем, туку ми смета мамурлукот. Мојот последен мамурлук траеше пет дена, – рече Ен која е познато дека е љубител на алкохол и додаде:
– Не мислам дека пиењето алкохол е лошо. Тој е добар да се опуштиш и забавиш, но во моментов мене не ми е потребен таков начин на забава бидејќи имам дете.