Ритуалот првото утринско кафе да го пие на мира го негува Тијана Дапчевиќ која деновиве по подолго време засвири на своето виолончело, а причината беше евровизиската „Proud“. Но, од приложената фотографија Тијана не само што ни покажа како изгледа во релакрирано и опуштено домашно издание, таа откри и како изгледа дневниот простор во нејзиниот дом каде живее со синчето Вук и сопругот Милан.
Позитивниот хаос како и музичките инстрименти се највпечатливите детали во нејзиниот дом.
Таа вели дека не прави ништо додека не го испие своето утринско кафе.
“Додека не го испијам првото утринско кафе, и тоа она домашно( во народот познато како „бунарку“), јас не знам ни збор, ниту ноти, ниту гледам, ниту слушам … Сакам само на мир да го испијам кафето, а потоа можам да почнам да го планирам денот “, вели Тијана