Хрватската пејачка Јелена Розга е многу активна на својот Инстаграм профил каде објавува фотографии и видеа во секакви изданија.
Вчера таа објави фотографија од Виена каде неодамна имаше концерт во еден ноќен клуб. Розга позираше во прекратко црно фустанче кое сите се прашуваа дали е провидно и дали носи гаќички на себе.
„Романтична Виена… Вечер полна со љубов… Каков концерт, каква енергија… Ви благодарам од се срце“, напиша пејачката во описот на објавената фотографија на која позира на скалите во луксузно лоби, облечено во проѕирен фустан.
Инаку, Розга пред неколку дена го прослави својот 45 роденден.