Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Тие, според досегашните информации се пренесени на скопските клиники.
Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а биле евакуирани околу 100 лица. Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор на Хомакс.
Еден пожарникар од Скопската пожарна е пренесен на Клиниката за токсикологија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Евакуацијата се уште е во тек а поради густиот чад оневозможено е станарите да бидат евакуирани од влезната врата на зградата, па тоа во моментов тоа се прави со посебни скали и станарите се евакуираат од терасите и покривот на зградата.