Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот Буревесник, бил претепан од две непознати лица, синоќа пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница.
На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.
Божиновски бил нападнат и крвнички претепан од две маскирани лица пред домот на неговата сопруга Солунчевска, Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете.
Љупчо Палевски ги објави фотографиите од здравствената состојба на Божиновски.
“Вечерва ХИЕНИТЕ на ПОСЕРКОТО, ЗАЈЕБ, ВАСКО Електричарот клептомански кој и да е, ОЛИГАРХИСКИТЕ ХИЕНИ се во ГЛУТНИЦА, така крадат и така тепаат ЛУЃЕ…
Очигледно овој што ова го направил, од прилика знам и кој е малоумникот кој пратил КУРТОНИ со КАЧУЛКИ на глава кај ЗОКИ пред зграда, ќе наебе квалитетно, КЛОШАРОТ Мијале е мала беба за разлика од овој кретен и овој настан..ВЕТУВАЊЕ е ОВА“, пишува Палевски.