Доцна синоќа околу 02:00 часот избувнал пожар во зградата на ТВ канал ВИС во Струмица, сместена на првиот кат во една од зградите на поранешната касарна – објави утрово ТВ канал ВИС на својата веб страница.
Во пожарот биле зафатени ТВ студиото и техниката, но и други простории на вториот кат во зградата, каде се сместени и други фирми.
Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.
фото: Тв ВИС