ИЗГОРЕН Е КОМПЛЕТНО: Експлодираше Мерцедесот на првиот човек за енергетика на СКМ, Манасков (ФОТО)

by Тони Зографски

Силна експлозија се случила синоќа во возилото во кое се возел претседателот на Стопанската Комора за енергетика на Македонија Ѓорѓи Манасков. Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа не успеа да го изгасне возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел.

Во возилото Манасков бил со сопатник, но и двајцата се неповредени, соопштија доцна синоќа од комората. Настанот се случи на автопатот кај обиколницата Визбегово кон Скопје север.

„Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа веднаш реагираше, но не успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи, објавија од Комората за енергетика.

останати вести