Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес конференцијат изјави дека заболената пациентка од коронавирусот е добро.
“ Заболената пацинетка од коронавирусот е добро.се наоѓа во добра општа состојба. Сместена е во интезинва нега на Инфективната клиника. Има лесен вид на вирусот, односно зафатено и е само едно белодробно крило, изјави Филипче и додаде:
“Идентификувани се сите патници од комбето. Биле 9 луѓе 8 патници и возачот. Идентификувани се на едно место во Скопје и 3 места во Струмица. Во овој момент веќе се упатени екипи на епидемиолози да се направи прегледот и анкетата за дознавање податоци со кој се лица денеска овие патници комуницирале. Најпрво вечерва сите ќе останат во домашна изолацијА, под полициски надзор. Во однос на податоците со колку луѓе контактирале, ќе се одреди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во инфективните одделенија за надзор, вели Филипче.