На приватна церемонија во Лос Анџелес беа погребани легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана. На последното испраќање на Коби и малата Џиџи присуствувале само најблиските на семејството, а јавноста била исклучена од целата церемонија. Погребот се случил во петокот.
„Ванеса и фамилијата сакаа приватен погреб и сами да тажат за загубата која ја претрпеа. Погребот беше многу болен за сите и уште никој не може да верува дека останаа без тие две прекрасни души“, вели неименуван извор за ЕТ вестите.
Коби Брајант и ќерка му Џиџи загинаа во хеликоптерската несреќа која се случи на 26 јануари во близина на Лос Анџелес. Покрај нив двајцата, во леталото имаше уште седум луѓе и сите загинаа.
Инаку, комеморацијата е закажана за 24 февруари, во Стејплс центарот во Лос Анџелес.