Владата на денешната седница го прифатила предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство со кој патниците од странските земји кои влегуваат на територијата на земјава, по завршување на временскиот период од 21 ден или 14 дена во задолжителен државен карантин, веќе нема да бидат упатувани на дополнителна домашна самоизолација.
Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.