Елина Макинен плива два пати на ден. И нема да има ништо чудно да не плива – во замрзнато езеро.
Оваа 28-годишна даночна советничка во последните 10 години секојдневно ужива во киснењето во ледените води на родната Лапонија. Необичното хоби го претвори во TikTok сензација, па собра повеќе од 1,4 милиони следбеници.
„Ми беше досадно само да стојам во вода и да чекам да помине времето, па мислев дека би било забавно да почнам да снимам“, изјави Макинен за Инсајдер.
Некои од нејзините попопуларни видеа покажуваат како таа користи секири или дупчалки за да го исече мразот пред да нурне во водата. „Многу луѓе во Финска имаат свои секири за такви работи“, објасни таа.
„Има и клубови за пливање на мраз, но многу од нив се затворени поради коронавирусот, така што луѓето сами прават дупки во мразот и пливаат каде што сакаат“, продолжи таа. Елина додаде дека иако пливањето во мраз може да изгледа необично за странците, тоа всушност е вообичаено во нејзината татковина.
„Многу луѓе на TikTok коментираат и ми поставуваат прашања како: „Дали нема да добиете хипотермија? или ‘Како го поднесуваш студот?’ За нив ова е лудост, но за Финците е сосема нормално“. Кога имала само пет години, Макинен за прв пат се капела во мраз со своето семејство. „Целото мое семејство сака да плива во мраз; тоа е активност што не` поврзува“, вели таа.