Хрватска денеска тагува по загубата на младиот Леон Салопек, кој починал на само 17 години. Засега нема официјална информација за причините за смртта на младиот кошаркар, но во дел од медиумите во Хрватска се споменува дека се работи за несреќен случај.
Сочуство до семејството изразија неговиот клуб Медвешчак, како и неговиот поранешен клуб Цибона.
„Почивај во мир Леон Салопек. Во голема тага, болка и шок те поздравуваме за последен пат. Не остави без зборови… Изразуваме сочувство до целото семејство. Момче наше, што и да те притискало, каква и болка да си чувствувал, сега повеќе ја нема, но те нема и тебе. Ќе остане празнина, засекогаш. Ние секогаш ќе се сеќаваме на тебе“, напишаа на „Фејсбук“ од Медвешчак.