Барателите на работа кои немаат месечни приходи над 15.000 денари ќе можат да добијат платежна картичка со 9.000 денари за македонски производи, најави техничкиот премиер, Оливер Спасовски на денешната прес конференција на која го претстави третиот пакет економска помош.
Тој додава дека со оваа мерка се зајакнува домашната потрошувачка со фокус на домашните производи и услуги, се зголемуваат безготовинските плаќања и со тоа се намалува сивата економија.
„Оваа платежна картичка може да се користи само за домашни компании и производи, и во определен период од 30 дена. Вредноста на оваа мерка е 16 милиони евра“, објасни Спасовски.
“Ќе бидат дадени и ваучери за летување дома. Ваучерите ќе бидат во вредност од 6.000 денари оваа мерка ќе ја користат оние кои примаат помала плата од 15000 денари. Парична помош за младите од 3.000 денари и ваучери за ИТ вештини. Викенд без ДДВ, односно ќе ја поттикнеме потрошувачката каде ќе има попусти на облека, бела техника, санитарија. Паричен надоместок ќе има и за они кои останале без работа од 11 март до 15 април, изјави Спасовски.