Oсновачот на групата „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ е однесен во загрепскиот затвор Реметинец откако пијан ја претепал сопругата. Музичарот го пријавила сопругата во полиција откако била претепана.
Дујмиќ вели дека не се сеќава на ништо зашто бил многу пијан.
Истражниот судија му одреди мерка притвор поради опасност од повторување на делото.
Инаку, ова не е прв пат Рајко Дујмиќ (64) пијан да ја тепа сопругата. И во септември 2015-та година Дујмичќ заврши во Реметинец за претепување на сопругата под дејство на алкохол. Сопругата тогаш изјавила дека му простила и по тоа живееле заедно. Тогаш судот го осудил на шест месеци затвор и две години условна казна, но по жалбената постапка, бил ослободен.