На снимката од надзорните камери се гледа моментот кога вчера вечер околу 3 часот по полноќ товарен воз удрил во возило „пежо“ во Мајур кај Шабац.
Полицијата во Шабац веќе поднела прекршочна пријава по Законот за безбедност на сообраќајот против триесет и три годишен маж од околината на Шабац кој управувал автомобил под дејство на алкохол со 1,22 промили во крвта и поминал преку пруга на веќе спуштена рампа.
Возачот на „пежото“ со повреди бил префрлен во болницата Шабац, додека неговиот совозач (41) останал неповреден.
— zoranceran (@zoranceran2) November 2, 2021