Вознемирувачкото видео, кое многумина не го сфатија сериозно, прикажува пијани млади како ја држат змијата и насилно ѝ истураат алкохол во устата, пишува Дејли Стар.
Видеото трае 14 секунди, а гледаме како многу луѓе навиваат и се смеат. Непознат млад човек турка шише пиво (750 мл) во грлото на питонот, додека другиот мавта со уште едно шише.
Полицијата се обидува да ги идентификува актерите за кривично дело злоставување животни.
Експертите предупредуваат дека дигестивниот систем на рептилите не може да се справи со алкохолот, па постои можност да се оштети внатрешното ткиво на питонот.
Сопственикот на веб-страницата „Рептили и водоземци“, Мајкл Гровер, тврди дека алкохолот може да биде смртоносен и предизвикува „дезориентација и губење на координацијата“.
„Ако змија пие алкохол, тоа може да биде фатално. Станува збор за сериозни оштетувања на црниот дроб и другите органи“, додаде тој.
Зборувал и портпаролот на Националната организација за спречување на суровост кон животните (НСПЦА), кој најави „целосно спроведување на законот“.
„Бесот на корисниците на социјалните мрежи покажува дека суровоста кон животните не е прифатена во Јужна Африка и нема да се толерира“.
https://twitter.com/i/status/1703893603108446631