Џејми Ли Коморски (26) од Јужна Каролина е обвинета за убиство на невестата Саманта (34) која ја убила кога таа и нејзиниот нов сопруг (36) се возеле во количка за голф додека од свадбата се враќале во хотелската соба.
Тие се упатиле кон нивната соба по венчавката кога пијаната Џејми удрила во нив. Саманта починала на лице место, додека Ерик завршил во болница со повреди опасни по живот.
Според медиумите, Џејми била толку пијана што мислела дека нешто ја погодило и дека таа не е виновна.
Џејми моментално е во домашен притвор и го чека судењето за убиство од небрежност.
Во телефонски разговор од домашен притвор, таа ѝ рекла на својата сестра Келси дека очекува наскоро „да го живее својот најдобар живот“, пишува NY Post.
На својата сестра ѝ кажала дека верува дека сѐ ќе биде во ред и дека е под стрес, но дека знае дека сѐ ќе биде во ред.
“Многу е смешно. Кога сте во ужасна ситуација сте многу под стрес и вознемирени. Но, кога ќе помине одредено време и ќе погледнете наназад, сфаќате дека нема потреба да плачете и да се нервирате. Сега сум среќна и сѐ ќе биде во ред.Нема потреба да се нервираш“, ѝ рекла Џејми на својата сестра.
Таа ѝ спомнала дека е благодарна што е жива.
„Не сум лоша личност, не сакав да се случи ова. Благодарна сум што сум жива“, ѝ рекла Џејми на мајка си во разговорот, но никогаш не ги спомнала жртвите на нејзиното пијанство.