19-годишна вработна во продавница за брза храна од Калифорнија останала без око откако била нападната затоа што го бранела братот на својот колега од насилник.

– Ова е последното нешто што го очекував. Не се каам целосно што помогнав и што се замешав. Можеше да биде полошо за братот на мојот колега – изјавила Бјанка Паломера (19) за NBC Bay Area.

Паломера на 12 ноември работела во продавница за бургери во Калифорнија кога видела маж како го малтретира братот на нејзиниот колега. Станува збор за момче со посебни потреби.

Според медиумите, Бјанка се вмешала за да го спречи мажот да продолжи да го малтретира момчето кое чекало брат му да си ја заврши работата. Во тој момент насилникот ја нападнал.

– Се закани и рече дека ќе го претепа, потоа се вклучив и реков дека тоа што го прави е погрешно – изјави Бјанка за медиумите.

Мажот потоа станал насилен, ја удрил Бјанка по лицето, а додека таа се борела ја удрил уште неколку пати.

– Кога ме удри првиот пат, ми одлетаа слушалките и очилата – рече таа.

Според видеото од надзорната камера што нејзината сестра Ерика ја објави на Фејсбук, мажот веднаш побегнал од локалот штом Бјанка успеала да се ослободи од него.

Бјанка била пренесена во блиската болница каде и била итна операција.

Според зборовите на нејзината сестра, Бјанка го изгубила десното око.

– Само се обиде да ја направи вистинската работа и да го спречи малтретирањето на лице со посебни потреби – напишала нејзината сестра.

Покрената е и кампања GoFundMe, а досега се собрани повеќе од 100.000 долари помош.