Актерката Даница Максимовиќ важи за дама со стил и маѓепсува со својот изглед во седмата деценија. Но, малку е познато дека актерката неколку месеци се борела против порокот.
Таа раскажа како се борела со алкохолизмот, кој го смета за најголема победа во нејзиниот живот денес.
„Најголема победа е тоа што го победив порокот. Јас сум горда, станав мисионер, просто сум таква, ете. И горда сум на тоа, и мојата докторка, и членовите на семејството, приајателите, а ретко кој успева во било кој порок“ – кажа Максимовиќ и откри колку долго траела борбата:
„Некаде околу осум месеци, кога си дисциплиниран, а јас сум дисциплинирана и сѐ помина во најдобар ред. Јас само сакав да работам, а тоа поминува со работа. Знам дека имам проблем, само ми треба мала помош. И така беше. Многу брзо се изборив и еве 30 години сум своја на своето, на суво“.
„Јас бев спортист и потоа влегов во театар и сите тоа го конзумираа. Не можеш да поминеш, за мене тоа беше погубно. Луѓе сме и слаби на пороци, само малку треба за да се помине линијата. Е сега, кога си на работот од бездната, тогаш се освестуваш“, рече Даница во емисијата „Сè на сè“ на ТВ Прва.
Водителката Марија Килибарда ја праша Даница колку е остар тој раб на бездната, на што таа без двоумење одговори дека „тоа беше литар и половина вотка на ден“.
„Тоа беше литро и пол водка дневно. Ха, ха, како ме погледна. Сериозно, со оркестарот влегувам во Клубот на книжевници. Луѓето пијат на моја сметка, го земав хонорарот од банка и сакав да си помине добро, но потоа доаѓаш до работ на бездната и тогаш сфаќаш дека мораш да застанеш. Имаш силен карактер“ – објасни Даница и додаде:
„И мораш да имаш некој покрај себе, некој најискрен приајтел, кој ќе ти каже стоп, ова не може повеќе вака. Тоа е многу важно.“