Американската глумица Линдзи Перлман, најпозната по улогите во телевизиската серија „Chicago Justice“ и „Empire“, била пронајдена мртва во петокот во Лос Анџелес, неколку дена откако било пријавено дека исчезнала. Актерката почина на 43-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.
„Денеска околу 8:30 часот, полицијата во подрачјето на Холивуд одговорија на повик за истрага на смртен случај на авенијата Френклин и Норт Сиера Бонита. Судскиот вештак во округот Лос Анџелес потврди дека се работи за Линдзи Ерин Перлман“, стоело во соопштението на полициската управа на Лос Анџелес. Причината за смртта сè уште не e позната.
Нејзините пријатели и семејството претходно пријавиле дека е исчезната и побарале помош од јавноста да ја најдат кога таа не се вратила дома на 13 февруари. Последен пат била видена во Холивуд, неколку километри од местото каде што е пронајдено нејзиното тело, соопштила полицијата.
„Со длабока тага морам да известам дека Линдзи е пронајдена, но предоцна. Немам други информации за местото или околностите“, на својот твитер-профил напиша братучетка на актерката, Савана Перлман.
„Полицијата ја пронајде Линдзи. Таа починала. Скршен сум од болка“, напиша сопругот на актерката, Венс Смит во објава на својот Инстаграм-профил.