Американскиот блогер, со руско потекло, Виталиј Здоровички чија девојка Кинси Волански лани во танга го прекина мечот од финалето на Лигата шампионите, се искачи на една од пирамидите во Гиза за да фотографира од врвот, па заработи пет дена во затвор во Египет.
Како што вели, петте дена што ги поминал во египетски затвор биле „најлошото искуство во неговиот живот“, но тој сè уште не жали за тоа што го направил затоа што „не било од лоша намера“.
“Немам зборови за да опишам што се случуваше во последните пет дена. Јас завршив зад решетки во Египет затоа што се искачив на пирамидата во Гиза.Завршив во затвор неколку пати, но ова е најлошото. Видов ужасни работи и никогаш нема некому да му посакам да го доживее тоа. Но, дали вреди? Да!“, изјавил Здоровички.
https://www.instagram.com/p/B7bbd2mnkNz/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B7T52UEHshG/?utm_source=ig_web_button_share_sheet