На денешното рочиште за „Монструм“ исказ даваат балистичари и лекари од судска медицина. Професорот од Институтот за судска медицина, Златко Јаќоски пред судот кажа дека тој заедно со професор Билјана Јаневска вечерта биле на увид на местото на петкратното убиство кај Смилковското езеро.
– Петте жртви се убиени каде што беa пронајдени и во брз временски период – рече Јаќоски, додавајќи дека жртвите починале од повеќе огнострелни повреди, а траги од крв имало под нивните тела што укажувало дека местото на настанот бил токму таму.
Тој додаде дека телото на рибарот Борче Стефановски било пронајдено до автомобилот со лицето свртено кон бозилото, а во рацете имал клучеви.