Петгодишно дете од Тексас починало во вжештен автомобил, откако мајка му по грешка го оставила таму три часа.
Мајката наводно мислела дека нејзиниот син е во куќата, но откако ја пребарала отишла до автомобилот пред нивната куќа и таму го пронашла детето веќе починато.
Вчера попладне мајката побрзала дома бидејќи подготвувала роденденска забава за своето второ дете, 8-годишната ќерка, а се верува дека не сфатила дека момчето се уште е во автомобилот.
Дури по два-три часа забележала дека нејзиниот син го нема, а потоа дошла до трагично откритие во автомобилот, соопшти полицијата во Тексас.