Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески на социјалните мрежи објави видео во кое тврди дека Албанци во Дебар маало редовно тепаат македонски деца.
„Оваа недела сите го видовме знамето на голема Албанија. Зошто сите одбиваме да го погледнеме лицето на голема Албанија. Тоа лице го има секој ден во скопско Дебар маало. Каде што албански бандити од околните села околу Скопје и од Чаир, редовно тепаат македонски деца, малтретираат. Нашите деца со страв излегуваат пред своите домови, пред своите згради. Дилери на дрога, возрасни 30-40 години, дрогираа 12-14 годишни девојчиња, ги силуваа, а вие родителите молчите. Добро ако сте амеби вие, не ли ви е срам што не преземате ништо ниту за своите деца, зар сопствените деца ги оставивте на милост и немилост, имате ли барем грам достоинство. Што чекате, од партија, од СДС измеќарска да ви каже што треба да преземете, обиџуко да ви каже што треба да преземете? Не се срамите дека ги предадовте сопствените деца, сопствените ќерки? Пред неколку дена имаше повторно избодено дете со нож од такви бандити. Тоа се повторува секоја недела, нож, шрафцигер, било што“, вели Богојески во видеото.