Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски

by Тони Зографски

Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат веќе четврти месец.

Кон него е пукано од возило во движење, мотор по што пукачот се упатил во непознат правец,

Според информациите на „Локално“ од полицијата, тој е повреден и веднаш е пренесен во болница.

Полицијата е на терен.

Инаку, 26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно, како влегува во автомобил, во кој имало уште неколку лица.

останати вести