Шпанскиот актерски пар Пенелопе Круз и Хавиер Бардем уживаат на плажа на италијанскиот остров Сардинија со двете деца. Едното е на 10, а другото на 7-годишна возраст.
Шпанската актерка се одлучи за сино монокини со патент, а пак Хавиер за црни шорцеви.
Парот изгледа сосема опуштено, седи на земја, се забавува со своите деца, далеку од стегнатоста и совршенството на Холивуд.
Хавиер очигледно ужива во улогата на татко затоа што секој слободен миг го користи за игра со децата.
Инаку, Пенелопе и Хавиер се во брак од 2010 година, а во едно неодамнешно интервју Пенелопе откри дека многу се трудат кариерите да не им пречат на семејниот живот.
„Не сме опседнати со работата, се обидуваме да ја оставиме пред вратата од нашиот дом“, изјави Пенелопе.
ФОТО:: Profimedia