Утрово дошло до излизгување на еден вагон од патнички воз на релација Гевгелија – Скопје, информираа од „ЖРСМ – Транспорт”.
Инцидентот се случил во 7 часот наутро кај железничката станица „Кадина Река“.
-Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје, порачаа од „Железници“.
Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.